понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поведена кривична постапка против четири лица за организирање борби со кучиња во...

Поведена кривична постапка против четири лица за организирање борби со кучиња во битолско село 

44

Настанот се случил на 1 ноември во вечерните часови, кога заради користољубие, осомничените организирале борба помеѓу куче од расата „пит бул“, сопственост на грчки државјанин, и куче од расата „американски стафорд“, сопственост на косовски државјанин. Кучето „пит бул“ се здобило со повреди од угризи, а борбата ја следеле повеќе лица од Македонија, Косово и Грција

 

Основното јавно обвинителство Битола поведе кривична постапка против две лица од Македонија, како и против еден грчки и еден косовски државјанин, поради сомнение за организирање борби со кучиња во битолското село Црнеец.

Според обвинителството, 44-годишен посредник и 43-годишник кој во дворот на семејната куќа подготвил заграден ринг, се осомничени за кривично дело „убивање и мачење животни“ по член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 1 ноември во вечерните часови, кога заради користољубие, осомничените организирале борба помеѓу куче од расата „пит бул“, сопственост на грчки државјанин, и куче од расата „американски стафорд“, сопственост на косовски државјанин. Кучето „пит бул“ се здобило со повреди од угризи, а борбата ја следеле повеќе лица од Македонија, Косово и Грција.

При интервенција на полицијата, кај присутните биле пронајдени парични средства во евра и денари, додека сопствениците на кучињата успеале да побегнат. Од Обвинителството наведуваат дека тие се идентификувани и по нив се трага.

Јавниот обвинител доставил предлог за притвор за македонските државјани, но Основниот суд во Битола им одредил куќен притвор.

Битолското обвинителство најави жалба на одлуката.

 

ИЗДВОЕНИ