Досега се потврдени околу 60 мртви во огромниот пожар во трговски центар во Карачи, Пакистан, што се случи во саботата, соопштија официјални лица.
Спасувачите сè уште бараат исчезнати, откако десетици трупови беа пронајдени преку ноќ. Градскиот службеник Џавед Наби изјави дека останките од 30-ина лица се откриени неколку дена по избувнувањето на пожарот.
– Веруваме дека 30-ина лица сè уште се водат за исчезнати. Нема надеж да се најде некој жив, рече службеникот за спасување, Мохамед Амин.
Идентификацијата на жртвите се врши преку ДНК-тестирање на останките, а тоа може да потрае со денови.
Пожарот избувна во повеќекатен трговски центар кој немал излези за итни случаи. На стотици пожарникари им беа потребни повеќе од 24 часа за да го изгаснат пожарот и оттогаш во тек е операција за спасување.
Трговскиот центар имал одобрение за 400 продавници, но во него имало речиси 1.200.












