Управниот одбор на НБА едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес лејкерс на Марк Волтер, објави лигата.
- Се очекува трансакцијата да биде затворена наскоро – соопшти лигата.
Лос Анџелес лејкерс ќе му биде продаден на Марк Волтер за приближно 10 милијарди долари, објави ЕСПН во јуни.
- Марк Волтер има долгогодишна врска со нашата лига, бидејќи е малцински сопственик на Лејкерс повеќе од една деценија и главен сопственик на Спаркс во ВНБА. Бидејќи ја презема улогата на мнозински сопственик на Лејкерс, не се сомневам дека ќе биде посветен лидер на тимот и одлично дополнување на нашата лига со оглед на неговите многубројни успешни потфати во бизнисот и во спортот – рече комесарот на НБА, Адам Силвер.
Семејството Бас, кое поседува мнозински удел од 1979 година, ќе задржи приближно 15 проценти од тимот, а Џини Бас ќе остане на својата позиција како гувернерка на клубот најмалку пет години.











