сабота, јануари 31, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

58

Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра, констатира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој денеска ја објави минималната кошничка за март и за април.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари и споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година која изнесува 61.855 денари, е зголемена за 836 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 78.066 денари.

Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект, се наведува во објавата на синдикатите.

Дополнително доцни владината потрошувачка кошничка, која беше најавено дека наместо минимална ќе биде просечна, и нема да се однесува на четири, туку на тричлено семјство на што остро реагираа синдикатите и дел од коморите.

ИЗДВОЕНИ