Потрошувачката е енормно зголемена, водата рационално да се користи

17

Енормно e зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови констатираше јавното претпријатие „Водовод и канализација“, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода.

-Конкретно на ден 23.06.2025 година, дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 кубни метри, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител – информираа од претпријатието.

Оттаму апелираат до сите граѓани на Скопје совесно и рационално да ја употребуваат водата.

– Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење на базени – укажуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Воедно, препорачуваат,  доколку забележат див приклучок, граѓаните да го пријават на телефонскиот број: 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk

-Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје – потенцираат од претпријатието.

ИЗДВОЕНИ