Потресни зборови на Панчо од ДНК до Перо Антиќ: Да излезам од болница, ќе направам величествен концерт за сите загинати во пожарот во Кочани

951

Долги години се пријатели, иако едниот е музичар, а другиот кошаркар. Убаво се согласуваат и разбираат. Се работи за Владимир Блажев, попознат како Панчо од некогашното дуо ДНК, и за Перо Антиќ. Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, разбирливо, не може да ја преболи трагедијата во Кочани, во која животот, покрај многуте други, го загуби и неговиот долгогодишен пријател – Андреј, вториот член на ДНК.

Панчо или ДиЏеј Шорти сè уште е во болница, успешно закрепнува.                        Неодамна, кога гостуваше во поткастот на познатиот Бојан Јовановски, кошаркарот Антиќ секако дека не можеше, а да не каже и за пријателот Панчо.Вели дека една вечер, кога седеле дома со пријателите, гледајќи кошаркарски натпревар, по телефон го побарала Маја, сопругата на Панчо, а потоа на телефон му се јавил и самиот Панчо, кого Перо нагалено го нарекува “Џуџето“.

– Прво нешто што ми кажа Панчо е тоа дека кога ќе излезе од болница, ќе направи величествен концерт за сите загинати во пожарот во Кочани, со тоа и за Андреј, за да им трае името. Таков е Панчо. И побожен! Жално е што им се случи ова на добри луѓе во Македонија – раскажа кусо Антиќ во поткастот на Боки 13.       (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ