Како гром од ведро небо одекна веста за српскиот кошаркар Никола Топиќ (20 години), кој се бори со рак на тестисите. Оваа шокантна информација први ја пласираа од неговиот клуб, Оклахома, по што следуваа бројни коментари, како поддршка за него.

Откако го пропушти почетокот на сезоната во НБА-литата, Топиќ ќе биде подложен на лекување, а докторите веруваат дека терапијата ќе даде резултати.

Во името на Оклахома, зборуваше генералниот менаџер на тимот, Сем Прести, откривајќи детали за болеста на српскиот кошаркар. Тој ги информираше новинарите за неговата состојба, наведувајќи дека ќе биде подложен на хемотерапија и дека датумот на неговото враќање на тренинзите засега е непознат.

  • Само сакам да ви ги кажам најновите здравствени информации за Никола Топиќ. Сите сте свесни дека имаше зафат на тестисите, во текот на подготовките. Имаше тестирање во Хјустон за да се утврди дали има рак на тестисите. Постапката беше неопходна за биопсија и резултатите од биопсијата се тука – тој има рак на тестисите. Собрана е одлична група онколози, која е исклучително позитивна во врска со тоа како ќе се справи со оваа ситуација. Треба да се каже дека ракот на тестисите е форма на рак кај мажите што најмногу се лекува. Онколозите препорачаа тој да подложи на хемотерапија во овој момент. Топ не сакаше да излезе оваа информација во јавноста, сè додека не започна Топиќ со терапијата, што се случи неодамна. Тој тренираше, вежбаше во текот на целиот процес, можеше да го направи тоа. Лако што знаеме сите, ова ќе биде предизвикувачко, но тимот експерти околу него се исклучително позитивни во врска со исходот. Нашето единствено очекување од него е да се фокусира на ова, тоа е апсолутен приоритет и се надеваме дека ќе се врати да игра кошарка кога ќе биде во можност. Јасно е дека нема да имаме очекување за тоа. Тој ја има нашата целосна поддршка, охрабрување, љубов – порача Прести.

Инаку, Никола Топиќ ја пропушти целата претходна сезона поради сериозна повреда, но го доби шампионскиот прстен освоен од соиграчите од Оклахома. Во текот на летото, тој беше дел од српската репрезентација, но не беше на конечниот список на тренерот Светислав Пешиќ за Европското првенство. По тоа, тој му се приклучи на тимот на Оклахома и играше во подготвителниот период, но ќе го пропушти почетокот на новата сезона.

Бројни луѓе испратија поддршка за малдиот кошаркар, а меѓу нив е и тренерот на Црвена звезда, Саша Обрадовиќ. По големата победа против Макаби ТА (99:92), Обрадовиќ, пред прес-конференцијата, му испрати порака на играчот на Оклахома сити.

  • По феноменалната победа и доброто чувство, има уште еден дел, а тоа е дека веста за Никола Топиќ малку нè потресе. Оваа победа му е посветена нему. Се надеваме дека сè ќе биде во ред. Искрени желби за брзо закрепнување – порача Саша Обрадовиќ.

 

ИЗДВОЕНИ