Дана Арнолд била во истиот вагон со напаѓачот кога почнал да ги боде со нож „сите до кои што дошол“ за време на ужасните сцени во возот што се движел кон Лондон во источна Англија, веднаш по 19:30 часот во саботата.
– Се движев со толпата, но потоа ме соборија на некои седишта. Се свртев назад и го видов напаѓачот како трча, па паднав на подот – рекла Арнолд (48) за весникот „Сан“.
„Тој дојде кон мене со нож и јас реков: „Те молам немој“. Потоа нешто се промени на неговото лице и тој само продолжи. Се чувствувам многу среќна што сум жива“, рекла таа.
Арнолд, која била во возот со својот пријател Енди Греј (37), се присети на зборовите на напаѓачот додека тој ѝ го поштедил животот за време на масовниот напад, во која беа повредени 11 лица, од кои двајца сè уште се борат за своите животи.
„Минута или две подоцна се врати, повторно ме погледна и рече: „Ѓаволот нема да победи““ и продолжи, рече таа.
32-годишен Британец е уапсен под сомнение за обид за убиство по нападот, кога вооружена полиција беше повикана на местото на настанот во малиот град Хантингдон, во Кембриџшир.
Втор маж беше приведен, но подоцна беше ослободен без обвинение.












