Потрес на берзите: Цената на нафтата нагло скокна

299

Цената на фјучерсите за сурова нафта од типот Брент за испорака во август 2025 година на лондонската берза ICE утрово надмина 78 долари за барел за прв пат од 28 јануари, според податоците за тргување.

Цената на суровата нафта од типот Брент се зголеми за 11,6 проценти на 78,5 долари за барел, пренесува ТАСС.

До 05:55 часот по московско време, фјучерсите на Брент забавија и се тргуваа по 77,36 долари за барел (зголемување од 9,98%), додека фјучерсите на WTI за испорака во јули 2025 година се зголемија за 13,5% на 76,76 долари за барел.

Претходно, израелските власти извршија напади врз Иран, вклучително и врз нуклеарни постројки во различни делови од земјата, пишува Танјуг.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на операцијата е да се попречи нуклеарната програма на Иран и предупреди дека нападите ќе продолжат.

ИЗДВОЕНИ