Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ, со цел унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и можностите за воспоставување нови авиолинии како начин за подобро поврзување на Македонија и Црна Гора. Вицепремиерот го запозна амбасадорот со тековните инфраструктурни проекти и реформските процеси насочени кон исполнување на европската агенда, со акцент на инвестициската активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои значително придонесуваат за регионалниот развој.

Во фокусот на разговорите беше и зголемувањето на економската соработка, трговската размена и развојот на туризмот меѓу двете земји.

– Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи, особено за воспоставување на авио поврзување. Исто така, отворивме теми за унапредување на трговската соработка, туризмот и сѐ што е во интерес на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја, и очекуваме соработката да продолжи и во наредниот период – истакна вицепремиерот Николоски.

Двајцата соговорници се согласија да се интензивира понатамошната соработка, со посебен акцент на економските односи и развојот на регионалните врски.

ИЗДВОЕНИ