Јавното претпријатие „Лајка“ има потреба од ќебиња, дебели престилки, чаршафи, јамболлии, черги или други топли подлоги за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман и транзитираат постојано во прифатилиштето.
– Секој од нас во својот дом има застарени ќебиња, па наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени во ЈП „Лајка“ – повикуваат од претпријатието.
Ќебињата може да се донесат директно во самото прифатилиште, на адреса: улица „840“, број 2, во населба Маџари, секој ден од 09:00 до 19:00 часот или во обележаните куќарки за донации на ЈП „Лајка“ во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд мол“.












