Потрагата по исчезнати лица во поплавите во Тексас беше прекината денес, бидејќи обилните дождови продолжија да паѓаат, пренесе „АП“.
Ова е првпат бран на лоши временски услови да ја запре потрагата по жртвите од поплавите што започнаа на 4 јули, кога загинаа најмалку 129 лица.
Локалните власти велат дека повеќе од 160 лица сè уште се водат како исчезнати во округот Кер.
Противпожарната служба им нареди на своите тимови за пребарување да го евакуираат коридорот на реката Гвадалупе во округот Кер до понатамошно известување, предупредувајќи за зголемување на нивото на водата.
Се очекува операцијата за пребарување и спасување да продолжи утре.
Националната метеоролошка служба предупреди дека реката Гвадалупе може дополнително да се порасне поради дождот.
„Бројни споредни патишта и мостови се веќе поплавени и се многу опасни“, соопшти метеоролошката служба.