Потпишани 1.032 решенија за данок на имот

25

Град Скопје изготви 1.032 решенија за данок на имот. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека потпишал вкупно 1.032 предмети од данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина.

– Ова е јасен показател дека институциите работат со динамика што им прилега на граѓаните. Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане практика да се изработуваат со забрзано и уредно темпо. Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници – истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административните лавиринти и оти граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се потребни.

– Правиме сериозни напори за зголемување на приходите на Градот, со цел навремено намирување на обврските во интерес на сите граѓани – наведе Ѓорѓиевски.

Тој апелираше до сите физички и правни лица да ги исполнуваат своите обврски кон Град Скопје навремено и одговорно.

 

ИЗДВОЕНИ