Потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија

14

Македонија и Литванија потпишаа протокол за редамисија но и договорија натамошно унапредување на меѓусебната соработка и пријателските врски. Ова е резултат на денешната работна средба на македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски со делегацијата на Министерството за внатрешни работи на Литванија, предводена од министерот Владислав Кондратович. Централен момент на средбата беше потпишувањето на Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола кои двајцата министри го потпишаа на средбата.

-Првата и основна причина поради којашто мојот колега е во Македонија е потпишувањето на протоколот за реадмисија којшто по повеќе години е усогласен како текст и денес официјално го потпишавме. Втора точка на којашто разговаравме а ќе биде круцијална за понатамошниот развој за нашата соработка е потпишување на договор за полициска соработка којшто би се фокусирал на борбата против криминалот, организираниот криминал, корупцијата, илегалната миграција. Третата тема на којашто разговаравме е соработка на центрите за обука во Македонија и Литванија во однос на професионализација на нашите полициски службеници, размена на знаења и искуства – образложи министерот Тошковски.

Тој потенцираше дека преку министерот Кондратович, Литванија ја изразува својата поддршка во процесот на евроинтеграции. Кондратович се вложи со целиот негов тим да бидат на располагање на македонските полициски службеници и МВР во однос на исполнување на сите услови и критериуми зададени од Европската унија.

-Ми претставува чест што сум во Скопје и ќе можеме да ја продолжиме нашата соработка. Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу двете земји. Двете земји имаат одлична билатерална и мултилатерална соработка, ги делат европските вредности. Денес зборувавме како да ја унапредиме соработката во областа на внатрешните работи, борбата со криминалот, менаџирањето на границите и миграциите. Со потпишување на Договорот за реадмисија ја засилуваме уште повеќе нашата соработка на темата на безбедноста – потенцираше литванскиот министер Кондратович додавајќи дека Литванија целосно ја поддржува Македонија на интегративниот пат кон ЕУ.

ИЗДВОЕНИ