Потпишан мировен договор за Газа – Трамп: „Ова е извонреден ден за светот“

206
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Земјите што посредуваат во разговорите за завршување на војната во Газа, Египет, Катар и Турција, денеска потпишаа документ со американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во енклавата.

Документот беше потпишан за време на меѓународниот самит на околу 20 светски лидери во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море.

„Ова е извонреден ден за светот, извонреден ден за Блискиот Исток“, рече Трамп пред потпишувањето на текстот, за кој рече дека поставува „правила“ за продолжување на мировниот процес.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, исто така, пристигна во египетскиот град во јужен Синај, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не пристигна, иако беше најавен претходно. Хамас исто така не беше претставен на состанокот.

Трамп ја пофали „многу важната улога“ што ја одигра домаќинот на состанокот, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, во преговорите што доведоа до прекин на огнот во Газа, по што следеше размена на заложници и палестински затвореници.

Ал-Сиси му рече на Трамп дека тој е единствениот „способен да донесе мир во регионoт“.

ИЗДВОЕНИ