Потпишан е договор за изградба на гасовод од Русија преку Монголија до Кина

21

Рускиот вицепремиер Алексеј Оверчук и монголскиот вицепремиер и министер за економија на Монголија, Џадамбин Енхбајар, денес разговараа за изградба на гасовод низ двете земји до Кина, објави „Интерфакс“.

„Русија е главен снабдувач на нафта и нафтени производи на монголскиот пазар. Во септември, трите земји, Русија, Кина и Монголија, се согласија да изградат гасовод низ територијата на Монголија. Денес се осврнавме на оваа тема“, рече Оверчук по средбата со Енхбајар на маргините на Форумот на регионите Русија-Монголија.

Претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Алексеј Милер, изјави во септември дека руската компанија и Кинеската национална нафтена корпорација (CNPC) потпишале правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз Восток“ низ Монголија, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ