Потпис на договорот ги со кој се дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на тунелот ставија вицепремиерите и министри за транспорт на двете земји – Александар Николоски и Гроздан Караџов во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, САД, ЕИБ. ЕБОР и на Светска банка, а на церемонијата присуствуваше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Двата министри посочија дека овој ден е исклучително важен и оти се исполнува сон на многу генерации

Македонија и Бугарија заеднички ќе го градат меѓуграничниот железнички тунел кај Деве Баир–Ѓуешево кој се наоѓа на Коридорот 8 кој е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Потпис на договорот ги со кој се дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на тунелот ставија вицепремиерите и министри за транспорт на двете земји – Александар Николоски и Гроздан Караџов во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, САД, ЕИБ. ЕБОР и на Светска банка, а на церемонијата присуствуваше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

– Договорот е сон на генерациите од двете страни на границата, нешто за што сме читале, за што се учело додека сме биле деца во двете држави, двата главни града и Софија и Скопје треба да се поврзат со железничка врска – рече вицепремиерот Николоски, на церемонијата во Ѓуешево, најзападната и највисоко лоцирана железничка станица во Бугарија, на 933 метри надморска височина.

Тој потенцираше дека ова е многу значаен коридор за Македонија бидејќи ја поврзува земјата со две мориње и има огромо влијание врз зголемување на конкурентност на домашната економија. Николоски потсети дека во исто време овој коридор има и огромно безбедносно значење за НАТО Алијансата.

– Јас не сакам да давам ветувања, но она што можам да го ветам е напорна работа и посветеност. Ова е коридор и од безбедносно значење, во услови кога во 21 век се случува нешто што не можевме да го замислиме, имаме војна недалеку воздушно од тука, агресијата врз Украина. И затоа овој коридор е многу значаен кој што е помош на Алијансата со цел да може да помогне на Украина да ја одбрани својата сувереност и територијална целовитост – изјави Николоски.

Во однос на финансиската конструкција на целиот источен коридро 8, вицепремиерот Николоски истакна дека средствата се обезбедени.

– Средствата се обезбедени. Првата фаза е завршена и ставена во функција оваа година. Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се работи во моментов, рокот за изградба е октомври 2026 година. Морам да кажам дека не сум задоволен од изведувачите, но со нашите партнери од ЕБРД ќе бараме заедничко решение како да го надминеме овој проблем. Третата фаза од Крива Паланка до границата се надевам дека со напорна работа со ЕИБ, ЕБРД и со ЕУ, во тек на месец декември да се распише претквалификација за избор на изведувач и избор на надор. Во однос на финансиите, најмалку буџетот за железницата од Куманово до границата е околу 810 милиони евра, за што 200 милиони се грант од ЕУ.  Од Куманово до Бељаковце чинеше 79 милиони евра, од Бељковце до Крива Паланка треба да чини 155 милиони евра ако останеме во овој буџет. Од Крива Паланка до граница е околу 455 милиони евра и дополнително имаме 110 милиони евра за сигнализација и електрификација од Куманово до границата, со цел кога ќе се заврши цел коридор да имаме најмодерна сигнализација – истакна вицепремиерот.

Тој најави дека во скоро време ќе го покани и вицепремиерот Караџов во Македонија на завршување на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, како и на отпочнување на градежните работи на пругата од Крива Паланка до границата.

Караџов посочи дека овој ден е исклучително важен и оти се исполнува сон на многу генерации.

– Отвораме, возобновуваме железница стара повеќе од 100 години. Нам ни падна честа со Николоски да го реализираме овој проект – изјави Караџов.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри на бугарска. Пругата Скопје-Софија, чија изградба е почната во 1994 година, се гради во три фази, а проценките на надлежните институции се дека со неа ќе се зголеми товарниот превоз за над 30 проценти, а патничкиот сообраќај за 20–25 проценти во првите години по изградбата.

За третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение, според најавите, следниот месец ќе се распише повикот за избор на изведувач. Изградбата на третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, од кои и меѓуграничниот, како и 52 моста, се смета за најголем предизвик. Со тендерот што пропадна, како што објави новата влада на почетокот на мандатот минатата година, вредноста од првично планираните 340 милиони евра била зголемена на 560 милиони евра.

На западното крило на железничкиот Коридор 8, предвидена е изградба на пруга од Кичево до Лин, за што подготвен е и проект. Владата неодамна најави и проект за реконструкција на линијата Скопје -Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево во должина од 103 километри. Добиен е грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска документација. Се очекува за две години да се избере изведувач.

ИЗДВОЕНИ