Потпишан договор за сертификација на два светски признати ISO-стандарди

11

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ денеска, официјално потпиша договор за сертификација на два светски признати ISO- стандарди, со што започнува ново поглавје во унапредувањето на квалитетот на услугите и на грижата за животната средина.

Стандардите што ќе бидат имплементирани се: ISO 9001 – меѓународен стандард за управување со квалитет, насочен кон подобрување на процесите и зголемување на задоволството на корисниците и ISO 14001 – меѓународен стандард за системите за управување со животната средина и одржливо работење.

Ова е првпат претпријатието да добие ISO-сертификација, со што дополнително се унапредуваат процесите според меѓународните стандарди.

– Со воведувањето ISO-стандардите поставуваме нови критериуми за транспарентно и одговорно работење, а со цел граѓаните да добијат побрза, поефикасна и поквалитетна услуга – истакна директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски.

Тој додаде дека стандардот ISO 14001 истовремено е и потврда дека мисија на претпријатието не е само паркирањето туку и грижата за почиста и поздрава животна средина во Општината Центар и во градот.

– Со ова имплементирање правиме чекор поблиску кон европските стандарди и покажуваме дека и јавно претпријатие може да биде пример за модерно и одржливо управување – заклучи Коцевски.

Спроведувањето ќе се одвива во наредниот период, со цел обезбедување системски и долгорочни решенија во работењето на претпријатието и зголемено задоволство кај корисниците.

ИЗДВОЕНИ