Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, и официјално го продолжи договорот со клубот, потврдувајќи дека ќе остане на „Енфилд“ и по сезоната 2024/25. Холанѓанецот потпиша нов договор кој му гарантира повеќе години во црвениот дрес, речиси седум и пол години откако првпат го облече дресот на „црвените“.
Оваа вест доаѓа само неколку дена откако и Мохамед Салах го продолжи договорот, па се чини дека Ливерпул планира да го задржи столбот на тимот и во наредните сезони.
- Многу сум среќен, горд… Толку многу емоции ми поминуваат низ главата кога зборувам за ова. Чувство на гордост, радост… Патот кој го поминав во кариерата, а сега го продолжувам за уште две години, е неверојатен. Ова секогаш беше местото каде што сакав да бидам. Никогаш немаше дилема – секогаш беше Ливерпул, изјави Ван Дајк.