Потоп во Њујорк: Две лица загинаа – улици под вода, откажани летови ФОТО/ВИДЕО

28

Силни дождови го погодија Њујорк, а две лица загинаа во поплавите, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека придружните бури ги прекинаа летовите, а метеоролошките служби предупредија за поплави во некои области.

Медиумите известуваа за поплави и штети, додека службениците на аеродромите ЏФК, Ла Гвардија и Њуарк во градот изјавија дека распоредот на летови е нарушен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CNN (@cnn)

„Оваа бура ги сруши рекордите за врнежи од дожд за 30 октомври“, наведе Адамс на платформата X, додавајќи дека поголемиот дел од дождот што се предвидуваше во неколку часа падна за само 10 минути.

Метеоролошката служба соопшти дека рекордни 4,7 сантиметри дожд наврнале во Централ Парк, додека 5,31 сантиметри наврнале на аеродромот Ла Гвардија и 5,05 сантиметри на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси.

Националната метеоролошка служба, исто така, издаде предупредувања за крајбрежни поплави за делови од Бронкс, Бруклин и Квинс.

ИЗДВОЕНИ