понеделник, февруари 16, 2026
Дома БАЛКАН ПОТОП НА ЈАДРАНОТ: Најкритично во Котор – стариот град под вода, луѓето...

ПОТОП НА ЈАДРАНОТ: Најкритично во Котор – стариот град под вода, луѓето и возилата пливаат низ градот/ВИДЕО

1706

Силен циклон од Јадранското Море предизвика вистински потоп на брегот, а придонесе и за обилни врнежи од дожд воцелиот регион.

Најмалку 100 литри дожд на метар квадратен наврнаа на југот од Далмација и Херцеговина, а повеќе од 200 литри на црногорското крајбрежје, предизвикувајќи поплави и порои.

Најлоша е ситуацијата во Котор, каде што плимата и осеката ја направија главната порта на градот недостапна, а како што можете да видите од видеата на социјалните мрежи, водата е толку многу што луѓето и возилата практично пливаат низ градот.

Локалните медиуми јавуваат дека Стариот град на Котор е под вода од раните утрински часови.

Бројни објекти се поплавени, а сообраќајот е многу отежнат.

Според медиумите, стабилизацијата се очекува вечерва, додека центарот на циклонот од југот на Јадранското Море ќе се движи низ ова подрачје подалеку кон североисток, над Карпатите и ќе го продолжи кон истокот на Европа.

Следната недела повторно ќе има многу чести врнежи од дожд.

ИЗДВОЕНИ