Потенцијално канцерогена: Супстанца што ја користиме секој ден е под закана од забрана

401

ЕУ размислува да го класифицира етанолот како опасна супстанца што го зголемува ризикот од малигни заболувања, односно е потенцијално канцероген.

Етанолот е супстанца што се користи во многу средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и други производи, наведува „Фајненшл тајмс“.

Внатрешна препорака од 10 октомври од една од работните групи во рамките на Европската агенција за хемикалии (ECHA) го означи етанолот како токсична супстанца што го зголемува ризикот од рак и предизвикува компликации во бременоста.

Внатрешна препорака предлага забрана на фетанолот и негова замена со други супстанции во средствата за чистење и други производи.

Комитетот за биоцидни производи на ECHA треба да се состане помеѓу 25 и 28 ноември за да препорача негова замена до регулаторните тела, а конечната одлука ќе ја донесе Европската комисија.

ИЗДВОЕНИ