Потеклото е непознато, сомнежот е врз Русија: Дронови ги надлетуваат аеродромите и воените бази во Белгија

34

Белгискиот премиер, Барт де Вевер, за утре закажа вонредна седница на Советот за национална безбедност на Белгија, на која главна тема ќе бидат зачестените инциденти со појавата на дронови над аеродромите и воените бази во земјата.

Покрај дроновите над аеродромите во Брисел и во Лиеж во понеделникот, поради што беа одложени голем број летови, денеска беа забележани беспилотни летала и над воените бази „Клајне-Брогел“ и „Флорен“, а според најновите информации, и над базата „Схафен“ во близина на градот Дист.

Воздухопловната база „Клајне-Брогел“, во која се сместени припадници на силите на НАТО и се претпоставува дека во неа е складирано американско нуклеарно оружје, е во состојба на зголемена борбена готовност откако претходно беа забележани дронови над неа, три ноќи по ред, од петокот до неделата. Во оваа база се стационирани белгиските ловци Ф-16, а од 2027 година таму треба да бидат лоцирани и новите борбени авиони Ф-35, кои Белгија неодамна ги нарача од САД.

Во последно време, беа забележани дронови уште над три белгиски бази, а нивното потекло останува непознато, иако сомнежите се насочени кон Русија.

ИЗДВОЕНИ