четврток, јануари 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Постигнат договор за продажба на Лукоил на Американци, се чека „амин“ од...

Постигнат договор за продажба на Лукоил на Американци, се чека „амин“ од Вашингтон

76

Лукоил, една од двете најголеми руски нафтени компании, се согласи да го продаде поголемиот дел од своите меѓународни средства, проценети на околу 22 милијарди долари, на американската компанија Карлајл Груп со одобрение од Вашингтон, објави Ројтерс.

Во октомври 2025 година, Америка воведе санкции врз Роснефт, најголемиот руски производител на нафта, и Лукоил во обид да изврши притисок врз Москва да преговара за мировен договор во Украина.

На почетокот на декември, Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата на Лукоил за делумни операции до 29 април 2026 година.

„Потпишаниот договор не е ексклузивен и е предмет на одредени претходни услови, како што е добивање на потребните регулаторни одобренија, меѓу другото, дозвола од OFAK за трансакцијата со инвестициската компанија Карлајл.“

„Компанијата продолжува со преговорите со други потенцијални купувачи“, објави Лукоил на 29 јануари.

Меѓународната компанија на Лукоил, со седиште во Виена, поседува рафинерии во Европа, акции во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак и Мексико, а од 2003 година работи во Србија, каде што има 112 бензински пумпи и два магацина.

Оваа приватна компанија учествува со речиси половина од вкупниот извоз на сурова нафта во Русија, проценува Блумберг.

Американската компанија Карлајл управува со средства од 474 милијарди долари, што вклучува три деловни сегменти и 660 инвестициски фондови.

ИЗДВОЕНИ