Поставено ново спомен-обележје на Цветан Димов во Кисела Вода

68

Спроти бараките на Општина Кисела Вода, денеска свечено беше поставена нова биста на народниот херој Цветан Димов.

Претходното спомен-обележје, кое постоеше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетување. По барање на жителите, Општината изработи нова биста, со што на овој голем херој му се оддава заслужено признание, а историската меморија добива повидливо и достојно место.

– Нашите херои не се само имиња во учебниците, тие се и сведоци на историјата, втемелени во нашите слобода и иднина. Со новата биста на Цветан Димов, поставена на ова видно место, соодветно оддаваме почит кон неговата жртва, но и создававме услови многу повеќе луѓе, особено младите, да ја запознаат неговата приказна. Историјата е најсилна кога е пред очите на граѓаните, а нашата задача е да ја зачуваме и да им ја пренесеме на генерациите што доаѓаат –изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ