Со поддршка од Европската Унија, официјално е заокружен проектот за воспоставување регионални системи за управување со отпадот во Источниот и во Североисточниот Регион, со што се поставени темелите за модерен, одржлив систем, усогласен со европските стандарди.

Проектот, спроведен од Министерството за животна средина и просторно планирање со проектниот конзорциум ENVIROPLAN S.A. – WEGlobal, опфати 18 општини и донесе конкретни резултати: зајакнати институционални капацитети, подобрена инфраструктура, набавка на возила и контејнери и затворање на критичните нестандардни локации и диви депонии.

Заменик-министерката Ане Лашкоска истакна дека проектот е јасен доказ дека европските политики се претвораат во видливи резултати на терен, нагласувајќи дека се создадени услови за функционални регионални системи што директно ги штитат здравјето на граѓаните и животната средина.

Проектот е значаен чекор кон усогласувањето со законодавството на Европската Унија и спроведувањето на зелената агенда за Западен Балкан, а Министерството најави продолжување со активностите за целосно спроведување на регионалните системи за управување со отпадот.

 

ИЗДВОЕНИ