Град Скопје со ЈП „Улици и патишта“ ја заврши реконструкцијата на улицата „Волковска“. Реконструкцијата се состоеше од две фази, од кои првата фаза беше реконструкција на подземната инфраструктура, се изгради нова атмосферска канализација со профил Ф500 по улицата „100“ во Волково, со што се реализира уште едно ветување од програмата.

Станува збор за проект со кој се гради нова атмосферска канализација во вкупна должина од 1.650 метри, а кој го реализираше од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“.

– Со овој проект се разрешува долгогодишниот проблем со кој се соочуваа жителите на ова населено место во Општина Ѓорче Петров, каде што по обилни дождови, доаѓаше до излевање на фекалните води и до преоптоварување на мрежата. Со изградбата на атмосферската канализација, се создаваат услови за идно приклучување на другите линии во овој реон на новата атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализацискиот систем – информира од Град Скопје.

Во втората фаза се реконструираше коловозот во вкупна должина од 1.700 метри, на површина од 13.240 квадратни метри, се поставија нови рабници, се обновија тротоарите за подобрување на пристапот за пешаците и се нивелираа на над 30 шахти. Со реконструкцијата на коловозната површина на оваа сообраќајница, се овозможи побезбедно движење на граѓаните што живеат во овој дел од градот, како и на сите учесници во сообраќајот.

– Преку инвестициите во комуналната инфраструктура, се надминуваат предизвиците со кои се соочуваат граѓаните со години и се овозможува порамномерен развој, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, особено проекти што биле неопходно потребни, а не биле реализирани со децении – потенцираат од Град Скопје.

ИЗДВОЕНИ