Поставени контејнери за одлагање кабаст отпад и шут

24

Општина Центар постави наменски контејнери на повеќе локации на нејзината територија, за лесно и бесплатно одлагање на кабаст отпад и градежен шут, со цел да се спречи создавање на мини депонии и да се воспостави ред во јавниот простор.

Големите контејнери се поставени на улиците: „Загребска“– кај КТК, „Борка Талевски“– кај „Вучко“ и „Антонио Грубишиќ“– кај кружниот тек во Дебар Маало, а помалите, пак, на улиците:  „Киро Крстевски – Платник“, „Мирче Ацев“ (Пролет), „Кочо Рацин“ (Зелен пазар) и „Васил Ѓоргов“ во Капиштец.

Од Општина Центар информираат дека контејнерите ќе останат најмалку две недели и ќе се празнат редовно, а по потреба ќе бидат преместувани на други локации.

– Со поставувањето на контејнерите за лесно и бесплатно одлагање на кабаст отпад, ќе го намалиме хаосот на јавните површини и ќе обезбедиме правилно одложување на кабастиот отпад и градежниот шут – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ