понеделник, февруари 23, 2026
Дома СКОПСКА Поставени контејнери за кабаст отпад на повеќе локации

Поставени контејнери за кабаст отпад на повеќе локации

49

Почнувајќи од денеска до 01.03.2026 година, на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад.

Од јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ информираат дека контејнерите ќе бидат поставени на следниве локации: Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев – ( Скопско Поле ), Јурумлери, Колонија и Дрма.

Од претпријатието  апелираат до граѓаните кабастиот отпад да го одлагаат навремено и исклучиво во поставените контејнери, за, како што велат, да имаме чиста, уредна и здрава животна средина.

ИЗДВОЕНИ