петок, јануари 16, 2026
Дома СКОПСКА Поставени фотоволтаици во сите 10 основни училишта

Поставени фотоволтаици во сите 10 основни училишта

37

Во сите 10 основни училишта во општина Карпош веќе се поставени фотоволтаични панели – проект кој ја позиционира општината како лидер во зелена енергија и одржлив развој.

– Ова не е шминка, туку вистинска работа, визија и енергија што носи резултати – вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Тој додава дека со оваа инвестиција, училиштата веќе ги намалиле своите сметки за електрична енергија, а следниот чекор, како што нагласува, е уште поамбициозен – да станат производители и продавачи на електрична енергија.

– Нашата цел е едноставна – училиштата да произведуваат повеќе струја отколку што трошат, да ја враќаат назад во системот и да станат мали енергетски центри со голема општествена улога – изјави Јакимовски.

На тој начин, според него, Карпош ќе биде првата општина во Македонија што целосно ќе функционира на принципи на енергетска ефикасност и зелена трансформација.

– Учениците ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а училиштата ќе се претворат во вистински симбол на одговорност и иновација. Додека некои велат дека ќе поставуваат панели, ние веќе ги имаме. И не само тоа – сега ги надградуваме и ги претвораме во генератори на енергија – рече Јакимовски.

ИЗДВОЕНИ