среда, јануари 21, 2026
Дома СКОПСКА Поставена е јасна рамка за зајакната, стратешка и долгорочна соработка во областите...

Поставена е јасна рамка за зајакната, стратешка и долгорочна соработка во областите од клучно значење за развојот на Скопје 

62

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, потпишаа меморандум за соработка, со кој е поставена јасна рамка за зајакната, стратешка и долгорочна соработка во областите од клучно значење за развојот на Скопје.

– Ова потпишување претставува важен момент во продлабочувањето на нашето партнерство со една од најрелевантните меѓународни организации во областа на одржливиот развој. Градот Скопје високо ја цени долгогодишната поддршка од УНДП и нивната континуирана посветеност на унапредувањето на локалните политики и јакнењето на институционалните капацитети. Со овој меморандум, воспоставивме основа за соработка во стратешките области, меѓу кои: подобрувањето на системите за даноци на имот и комунални такси; унапредувањето на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина; забрзувањето на дигиталната трансформација; поттикнувањето на локалниот економски развој, како и подготовка на квалитетни проекти за европските и за меѓународните фондови – изјави Ѓорѓиевски.

Тој особено ја истакна важноста на поддршката за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој, како што вели, се гледа како вистинска можност за долгорочна трансформација на градот и за негово посилно и подостоинствено позиционирање на европската културна мапа.

– Ова партнерство е уште една потврда дека Скопје чекори сигурно кон одржлив, модерен и европски град – заклучи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ