петок, февруари 13, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне, вели...

Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне, вели Бислимоски

340

Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Според Бислимовски, треба да се покаже разбирање за „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) бидејќи државната компанија, како што вели, мора да застане на здрави нозе.

– Во тој дел ние каде што ги регулираме цените, во делот на мрежарините, ние ја намаливме цената за пренос и дистрибуција и како збир ја намаливме за 5 отсто бидејќи постоеше простор да ја намалиме. Ја намаливме и цената на МЕПСО, ја намаливме и цената на ‘Електродистрибуција’, ја намаливме и цената на МЕМО. Кај делот на ЕСМ треба сите да покажеме разбирање. Ситуацијата е тешка, ЕСМ работи во загуби и ЕСМ е стожерна компанија во енергетскиот сектор. За ЕСМ дали да опстои или да не опстои, ние немаме сценарио Б. ЕСМ мора да застане на здрави нозе, ЕСМ мора да си го зголеми своето производство на електрична енергија, но и треба полека да го гледаме ЕСМ не само како производна компанија, туку и како компанија која, покрај тоа што произведува електрична енергија, и продава електрична енергија, рече Бислимоски.

ИЗДВОЕНИ