Последни подготовки за „Штипската пастрмајлијада“

158

Пополнети се сите сместувачки капацитети во Штип за претстојниот викенд и за одржување на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“. Последните подготовки се во тек и се очекуваат голем број посетители.

Годинашното, седумнаесетто издание на штипската „Пастрмајлијада“ ќе биде на две локации, на шеталиштето „Ванчо Прќе“, каде в петок, на 19 септември, ќе настапат локални бендови, и на градскиот стадион во Штип, каде сабота, 20 септември, е резервирана за Елена Ристевска, Владо Јаневски и за Дино Мерлин.

Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, се очекуваат голем број посетители од регионот, државата и странство, добра музика, позитивни вибрации и пред сè, голем број изедени пастрмајлии.

И оваа како и претходните години, ќе се сече џиновска пастрмајлија и ќе има натпревар во брзо јадење.

ИЗДВОЕНИ