Новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија, пред неколку дена објави дека српскиот кошаркар Никола Јокиќ ќе биде надвор од терените уште неколку натпревари и дека се закажани нови прегледи за наредните денови.
Покрај Јокиќ, Дејвид Аделман нема да може да смета и на Арон Гордон, Кам Џонсон и на Кристијан Браун.
Доколку Јокиќ го пропушти следниот натпревар со Лос Анџелес клиперс в сабота, тоа ќе биде негов 17. натпревар на кој не играл и поради правилата на НБА, ќе го загуби правото да се натпреварува за наградата за најкорисен играч во регуларната сезона.











