Последен пресек: Излезноста до 18.30 часот е 40,45%

20

Државната изборна комисија го соопшти последниот пресек на излезност за денешниот ден до 18:30 часот за вториот круг локални избори во 2025 година.

На половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на цела Македонија е 40,45%, соопштија од ДИК.

Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас, и обработени 987,174 гласачи, гласале 399.319 граѓани.

Сарај и Чаир се општини со најмала излезност со 11,45%, односно 13,7%, додека најголема е во Росоман 77,51%.

ИЗДВОЕНИ