Поскапуваат бензините и маслото за домаќинство

23

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, а цената на Еуродизел (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новите цени

– Еуросупер  БС-95 ќе се продава за 70,50 денари за литар,

– Еуросупер БС-98 ќе се продава за 72,50,

– Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 64,50 денари.

За 0,668 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 32,133 денари.

ИЗДВОЕНИ