Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,063 денари и еден килограм ќе чини 40,472 денари.