петок, декември 26, 2025
Дома МАКЕДОНИЈА Поскапува прегледот кај специјалист!

Поскапува прегледот кај специјалист!

581

Од 1 јануари 2026 година граѓаните ги чека вистински ценовен шок во здравствените установи. Иако од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) зголемувањето го оценија како „симболично“, новите цени на партиципацијата покажуваат драстичен скок, особено за итните случаи и специјалистичките прегледи.

По повеќе од 10-годишно одложување се одлучивме да ги зголемиме цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Специјалистичкиот преглед, според ценовникот на Фондот, појасни тој, досега беше 380 денари и е децениска цена.

„Сега зголемувањето е на 720 денари. Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи ќе биде околу милијарда денари на годишно ниво, 80 отсто во јавниот и 20 отсто во приватниот сектор, бидејќи имаме јавен и приватен специјалистички сектор. Интернистичкиот пакет е со помал ефект, ќе биде плус околу 340 милиони денари. Ќе има симболично зголемување на партиципацијата. За услуга која сега се наплаќа 40 денари ќе биде 60 денари“, додаде Клековски.

ИЗДВОЕНИ