Европските берзански индекси денес се претежно во пад, нафтата и златото поскапеа со истовремен пад на цените на пченицата, додека инвеститорите се фокусирани на преговорите за Украина и податоците за трговскиот биланс на еврозоната, кои ќе бидат објавени во 11:00 часот.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,31 процент на 24.461,04 поени, францускиот CAC 40 за 0,23 проценти на 7.907,04 поени, московскиот MOEX за 2,09 проценти на 2.949,34 поени, додека лондонскиот FTSE 100 порасна за 0,11 проценти на 9.146,75 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна за 0,08 проценти на 44.946,12 поени пред денешното отворање на пазарот, додека вредноста на индексот S&P 500 падна за 0,4 проценти на 6.468,54 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,29 проценти на 21.710,67 поени.