Истражувањата покажаа дека продажбата на божиќни производи во Германија е побавна од минатата година, првенствено поради зголемувањето на цените, а според анализата на апликацијата за споредба на цени „Smhaggle“, чоколадниот Дедо Мраз сега чини до 25 проценти повеќе од минатата година, а за некои брендови зголемувањето на цената е уште поголемо.
Цената на 70-грамски млечен чоколаден Дедо Мраз од добро позната марка е 3,99 евра, додека слични производи од други производители чинат околу 2,99 евра, пишува „Шпигел“.
И другите сезонски слатки се поскапи – божиќните колачиња се зголемија за околу 25 проценти, а меденки за до 60 проценти, пренесува Танјуг.
Трговците објаснуваат дека малопродажните цени се во нивна надлежност, додека индустријата се соочува со сè уште високи цени на какаото, кои се два до три пати повисоки отколку пред три години.












