Посебен тим специјалисти ќе даваат второ мислење дали да се оперираат срца

ДАЛИ АД ХОК КОМИСИЈАТА ЌЕ ПОСТАПУВА И ПО ДРУГИ ПРЕТСТАВКИ ОД ПАЦИЕНТИ?

78

Интерната комисијата формирана од Министерството за здравство е надлежна само за проверка на 25-те преставки од граѓани, од кои за 10 откри дека пациенти непотребно се оперирале или биле праќани на кардиолошки интервенции во државните и во приватните болници во Македонија.

Министерот за здравство Азир Алиу одговарајќи на новинарско прашање во врска со истрагата за операциите на срце, која почна по наводите на кардиологот Сашко Кедев, рече дека оваа комисија била формирана по таа изјава, ад хок, и оти не значело дека ќе постапува и по евентуално други преставки од пациенти.

Претседател на оваа комисија е доктор кој е вработен во една од приватните болници која има склучено договор со Фондот за операции на срце. Но, не само тој, во комисијата членуваат и лекари од  болниците каде што се прават кардиолошки интервенции, и тие треба да ги проверуваат претставките од пациентите кои можеби се оперирале или упатувале во една од нив.

Министерот Алиу ја најави втората фаза од истргата по што ќе дојдат тројца странски експерти кои ќе направат увид во спорните медицински досиеја.

-Она што следи е втората фаза од истражувањето на комисијата, а тоа е да влезат физички во здравствените институции кои имаат склучено договор со Фондот за кардиохирушки интервенции и ад хок ќе ги проверуваат медицинските досиеја, изјави министерот за здравство

Она што е важно е да се направи протокол пред секоја кардиолошка операција, рече министерот и најави дека за две недели ќе се формира т.н ХАРД тим составен од неколку специјалисти кои ќе дваат второ мислење дали треба да се прави операција на срце.

Премиерот Христијан Мицкоски кои присуствуваше на промоцијата на  нов апарат за магнетна резонанца и лапараскопски столбови во старата градска болница , изјави дека е убиден оти надлежните ќе дојдат до сериозни докази по укажувањата од луѓето

-Ги повикувам да се охрабрат за да можеме заеднички , имаме алатки како тоа да го направиме за да докажеме девијантво однесување… Оние здравствени мешетари кои го разрушуваат имиџот да ги пронајдеме и да ги санкционираме, рече Мицкоски

На пресконференцијата во Владата, членовите на интерната комисија и министерот за здравство, не ги открија болниците кај кои, по проверка на преставките од пациентите, било откриено дека непотребно се отворале срца за профит. Ќе се чекало за тоа да потврдат и странските експерти кои треба да се ангажираат од МЗ. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ