вторник, март 3, 2026
Дома СКОПСКА Посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување протест

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување протест

137

СВР Скопје известува дека денеска со почеток во 11 часот, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Македонија, соопшти МВР.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

ИЗДВОЕНИ