
Португалскиот гигант Бенфика е последниот клуб кој се вклучи во трката по потписот на бразилскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Антони. Крилниот напаѓач е голема желба на шпанскиот прволигаш Бетис каде што играше како позајмен фудбалер изминатата сезона, но „зелено-белите“ и понатаму имаат проблем со побараното обештетување од 40 мил. фунти.