За трагичната смрт за Диого Жота се огласија и од португалската фудбалска федерација:
- Федерацијата и целиот португалски фудбал се целосно скршени од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои починаа во Шпанија. Диого Жота беше многу повеќе од фантастичен фудбалер со речиси 50 настапи за А-тимот. Тој беше извонредна личност, почитувана од сите негови колеги и противници, личност со заразна насмевка и пример за углед во својата заедница.
Федерацијата изразува најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Диого и Андре Силва, како и до Ливерпул и Пенафиел, клубовите за кои двајцата играа. Федерацијата побара од УЕФА да одржи минута молк во четврток пред натпреварот на нашата репрезентација против Шпанија на Европското првенство за жени. Изгубивме двајца шампиони. Смртта на Диого и Андре Силва претставува непоправлива загуба за португалскиот фудбал и ние ќе направиме сè за да им оддадеме почит на нивното наследство секој ден, соопшти португалското фудбалско тело.