Пред околу 10 години, животот на Кејтлин Вичман изгледал одлично на хартија: таа потекнува од Канзас, штотуку дипломирала на колеџ, живеела во Лос Анџелес, имала постојана работа во маркетинг и уживала во погледот на океанот од нејзината канцеларија во Санта Моника. Но, не била среќна.
„Секој ден одев на истата работа, паркирав на истото место, седев на истото биро и зјапав во истиот ѕид – и само си мислев: „Мора да има повеќе во животот од ова“, вели 31-годишната Вичман за CNBC Make It. Оваа приказна е дел од нивната серија „Милениумски пари“, која разгледува како луѓето ширум светот заработуваат, трошат и штедат пари.
Тоа била пресвртница: таа беше подготвена да ги напушти Лос Анџелес и САД за да стане свој шеф и да патува низ светот.
Денес, таа изгледа сосема поинаку: живее во Лисабон и работи како фриленсер за американски и португалски клиенти со онлајн рекламирање. Таа го поставува својот распоред (околу 20 часа неделно) и често работи со пријатели во коворкинг простори.
Вичман заработува во просек околу 7.000 долари месечно, иако нејзините приходи варираат од 2.400 до 12.000 долари. Таа вели дека сега, како фриленсер, заработува повеќе отколку што заработувала во нејзината агенција во Лос Анџелес.
Слободното време го поминува играјќи тенис и падел (спорт сличен на тенисот и сквошот), земајќи часови по португалски јазик, одејќи на плажа и патувајќи.
„Дефинитивно сум посреќна и помирна тука“, вели Вичман.
Еве како успеала да ja изведе преселбата.
Напуштање на САД
Желбата да живее во странство се појавила на млада возраст. Таа пораснала на Менхетен, Канзас, со своите родители и три браќа и сестри, а нејзиното семејство често било домаќин на студенти на меѓународна размена. Кога наполнила 18 години, за прв пат отпатувала во Европа и ги посетила поранешните гости.
Се преселила во Лос Анџелес за колеџ и таму ја започнала својата кариера, но сфатила дека не сака традиционална работа од 9 до 5 часот.
Таа почнала да работи како фриленсер во маркетингот додека сè уште работела во агенција, а потоа стекнала доволно клиенти за да заработува за живот од тоа.
Таа го заменила Лос Анџелес со дигитален номадски начин на живот, избирајќи места со пониски трошоци за живот: во 2019 година отишла на Бали, потоа во Чианг Маи (Тајланд), поминала неколку недели во Виетнам и два месеци во Буенос Аирес.
Се вратила во САД за време на пандемијата и живеела во Канзас Сити, но до 2021 година била подготвена за нов пресел. Се сетила на своето патување во Мадеира и одлучила дека Лисабон е идеалното место: добра клима, близина на плажа, меѓународна заедница и град низ кој лесно се оди.
Преселба во Португалија
Португалија во тие години станувала магнет за дигитални номади. Вичман аплицирала за виза D7, отворила банкарска сметка со 10.000 евра, добила даночен број и потпишала договор за стан. Откако пристигнала, таа добила дозвола за престој од две години, која ја продолжила за уште три години во 2023 година.
Прво живеела во заеднички стан, потоа како закупец, а на крај изнајмила стан три години. Најголемиот културен шок бил јазикот. Веднаш почнала да посетува часови по португалски јазик, а сега има и приватен тутор.
Трошоци во јуни 2025 година:
Кирија и комуналии: 1.296 долари
Патување, шопинг и забава: 1.133 долари
Храна: 500 долари
Претплати и членства (тренинг, Netflix, Google Cloud, итн.): 207 долари
Студентски кредити: 190 долари
Транспорт: 116 долари
Телефон: 15 долари
Таа обично си плаќа 3.000 долари месечно за покривање на основните трошоци, а остатокот го троши за отплата на кредити, штедење и инвестирање. Има шестмесечен фонд за итни случаи и над 200.000 долари на сметки за пензионирање и инвестиции.
Активности во Лисабон
Таа го организира својот работен распоред така што има доволно време за својот личен живот. Повторно почна да игра тенис, да игра падел и да биде активна во спортски клубови, што исто така ѝ помогна во општествениот живот.
„Луѓето што ги запознав тука се здрави, активни и сакаат да водат исполнет живот – тоа многу ме инспирира“, вели таа.
Гледајќи напред
Она што најмногу ѝ недостига е леснотијата на превоз до САД, но тоа го гледа како мала цена што треба да ја плати за квалитетот на живот што го има во Португалија. Нејзиниот план е да остане таму најмалку пет години, а можеби и да купи куќа заедно со нејзиното момче.
За неа, работата повеќе не е центар на животот: „Во Лос Анџелес, сè се вртеше околу работата. Сега мојот живот се врти околу мене, а работата се вклопува во него.“
„Сакам да им покажам на луѓето дека постои начин на работа што не е класичниот од 9 до 5, и да ги инспирирам дека можат да го живеат животот до максимум.“
Извор: CNBC Make It