EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

Македонската надеж за данско чудо не се случи. Данска не ја совлада Португалија, туку загуби и двете селекции се селат во главната фаза на Европското првенство. Финалните 29:31 за португалскиот национален тим и носат два бода во главната фаза и подобра позиција за завршниот турнир во Хернинг.

Во данската репрезентација најефикасен беше Гидсел со осум погодоци, а кај Португалија се издвоија Кико и Мартим Кошта со по девет гола. Од групата Б натпреварувањето го продолжуваат Португалија (пренесува два бода) и Данска (не пренесува бодови), Македонија е третопласирана со три, а Романија четврта без бодови.

ИЗДВОЕНИ