Македонскиот Културно-информативен центар во Белград во своите простории, на 26 декември во 19:00 часот, организира музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов.

Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров, со краток осврт за културата на сеќавање на големиот бард на културата – Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство што ѝ го остави како на македонската така и на српската култура.

– Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазици – знаеше често да каже Зафир во своите интервјуа за српските и за македонските медиуми.

Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов ќе започне со неколку одбрани музички инсерти и со грст фотографии, меѓу кои неколку и првпат јавно презентирани, а ќе продолжи со интимен концерт, кој му е посветен нему, со неговите најблиски, Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов.

Портретот на Зафир Хаџиманов е инициран и организиран од македонскиот КИЦ во Белград и поддржан од Министерството за култура и туризам.

ИЗДВОЕНИ