Портпаролот на британската влада денес изјави дека Кир Стармер е „оптимист и самоуверен“ и нема да поднесе оставка од функцијата британски премиер.
Прашањето за оставка беше покренато по оставките на шефот на кабинетот на премиерот Морган МекСвини вчера и на четвртиот директор за комуникации во британската влада, Тим Алан, утрово, објави Скај њуз.
Кога беше прашан од новинарите, официјалниот портпарол на британскиот премиер кратко рече дека Стармер нема да поднесе оставка.












