
Смртта на генералот Фанил Сарваров во Москва е ужасно, ужасно убиство, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков нагласи дека руските безбедносни служби ќе го сторат она што мораат да го сторат како дел од истрагата за убиството на Сарваров, објави „РИА Новости“.
Според Рускиот истражен комитет, Сарваров, началник на одделот за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили, бил тешко повреден кога експлодирала направа поставена под неговиот автомобил порано денес во Москва.
Тој им подлегнал на повредите на пат кон болница.
Руските власти започнаа истрага по обвинение за убиство извршено на генерално опасен начин и недозволена трговија со експлозиви.
Според „РИА“, постои можност украинските разузнавачки служби да стојат зад експлозијата.
Сарваров е началник на Дирекцијата за оперативна обука на вооружените сили од мај 2024 година.
Во тоа време, наводно, бил унапреден во чин генерал-потполковник со претседателски декрет.











