Познатиот борач и поранешен освојувач на сребрен медал на ADCC, Џеј Родригез, е отстранет од Б-тимот. Имено, како што е објаснето, причина за неговото отстранување од тимот е поради несоодветно однесување кон жените во овој тим.

По обвинувањата, се огласи и лидерот на Б-тимот, Крег Џонс, кој потврди дека 23-годишниот борач повеќе не е член на тимот.

  • Џеј Род повеќе не е член на Б-тимот. Б-тимот е безбедна средина за тренинг за сите и имаме политика на нулта толеранција кон каква било форма на кршење на таа доверба – кратко објави Крег Џонс.

Родригез се огласи многу брзо по објавата, наведувајќи дека побарал помош за својата зависност од порнографија.

  • Можеби сте слушнале дека ме исклучија од Б-тимот… вистина е тоа. Всушност, имав нездрави интеракции со жените во вежбалница, што ме наведе да побарам помош, преку терапија, за мојата долгогодишна зависност од порнографијата. Сакам искрено да им се извинам на оние што беа директно засегнати од моите минати постапки. Ја признавам грешката што ја предизвикав и ја преземам целосната одговорност. Навистина ми е жал за тие луѓе. Ги молам сите да се воздржат од обиди да ги идентификуваат тие луѓе или да ги контактираат. Нивните приватност и благосостојба сега треба да бидат приоритет и се надевам дека ќе биде почитувано тоа – напиша Родригез.

Боречките тимови и претходно знаеја да исфрлаат некои поединци, но ниту еден љубител на борењето никогаш нема да се сети на ваков случај.

ИЗДВОЕНИ